Утрински Весник
Македонија

Синот на вториот возач го идентификуваше телото на својот татко, вели дека бил во кабината за спиење

Синот на вториот возач го идентификуваше телото на својот татко, вели дека бил во кабината за спиење

Името на вториот возач на опожарениот автобус на бугарскиот автопат Струма е Кадрим Мемеди. Неговиот син Бесар за БНТ изјави дека телото на неговиот татко било пронајдено во кабината за спиење. Не возел, но не е потврдено. Синот бил во Бугарија за да го препознае телото и се вратил дома.

Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели неговиот син.

Бесар тврди дека „Беса Транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.

Кадрим во петокот оттаму му се јавил на синот. Како што вели неговиот син, Кадрим во автобусот не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво. Автобусите биле стари 3 години и технички исправни.

Од списокот на преживеани во несреќата, според Бесар, има едно лице кое не е на списокот за патници на „Беса транс“ а тоа е Шади Науфал Салех.

Можете да прочитате

Нови детали од Прилеп: Тројца мртви, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп