Утрински Весник
Економија

Синдикатот на машиновозачите бара изземање од ограничувањето за надоместоци на плата

Товарен воз се излизга од пругата меѓу Миравци и Клисура, нема повредени

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Независниот синдикат на машиновозачи се надева дека машинскиот персонал и службите ќе бидат изземени од владината уредба за ограничување на наплатата на надоместоци и додатоци на плата.

Синдикатот во денешното соопштение наведува дека од првиот ден на вонредната состојба без прекин се одвива железничкиот транспорт на стоки.

– Ако се земе предвид дека железничкиот сообраќај, за разлика од камионскиот, е единствениот кој во овие услови го извршува меѓународниот, како и домашниот транспорт на стока со што допринесува за одржување на економијата и полнење на буџетот зачудува како машинскиот персонал и службите кои го опслужуваат, не е награден, најмалку изедначен со здравствените работници, министерството за внатрешни работи и одбрана, велат од Синдикатот.

Додаваат дека доколку не бидат изземени од оваа уредба, ќе биде доведено во прашање нормалното одвивање на железничкиот сообраќај. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток

ОАЕ ги зголеми цените на бензинот и дизел горивото