Утрински Весник
Свет

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение за ковид-19 и дека враќањето во нормала ќе потрае.

Повеќе од 18,1 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а речиси 700.000 се починати.

Генералниот директор на СЗОО, Тедрос Адхан Гебрејерус и раководителот на Одделот за вонредни состојби Мајк Рајан инсистираат на тоа државите строго да ги спроведуваат епидемиолошките мерки како што се носење маски, физичка дистанца, миење раце и тестирање.

„ Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете се“ порача Тедрос на виртуелната конференција во седиштето на ОН во Женева.

Маските за лице, порача тој, би требало да станат симбол на солидарност во светот.

„Поголем број од вакцините се во третата фаза од клиничките испитувања и сите се надеваме дека ќе имаме повеќе ефективни видови на вакцини кои би помогнале во спречување на заразата. Но, засега нема чудотворно решение и можеби никогаш нема да го има“ рекол Тедрос.

Тој признал дека постои страв дека нема да има вакцина која е ефективна или заштитата од болеста ќе биде само краткотрајна и ништо повеќе, но дека тоа нема д асе знае се додека не се завршат клиничките испитувања.

Тедрос им порача на мајките да ги дојат своите бебиња и во случај да се заразени со коронавирус, бидејќи придобивките ги надминуваат ризиците од инфекција.

„ СЗО препорачува мајките кои се сомнителни или се потврдени дека се позитивни на ковид-19 да се охрабруваат на истиот начин како и сите други да започнат или да продолжат со доење“ рекол Тедрос.

Според него, бројните предности на доењето за бебето и децата значајно ги надминува потенцијалните ризици на инфекцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати

Руско Министерство за одбрана: Како одговор на украинските напади, Русија гаѓаше цели на безбедносните служби во Киев