Утрински Весник
Македонија

Се реконструира улицата ,,23 Август” во центарот на Берово

Се реконструира улицата ,,23 Август” во центарот на Берово

Берово, 25 март 2020 (МИА) – Во Берово во тек е реконструкцијата на улицата „23 Август” во централното градско подрачје. Активностите, како што информираа надлежните, се реализираат во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Берово.
-Се работи на реконструкција на улица, која се простира на потегот од плоштадот „Димитар Беровски” до спој со ул. „Моша Пијаде”, која што е доста користена улица од страна на возачите, но и на пешаците, а која што се наоѓаше во лоша состојба, информираа надлежните.
Со реконструкцијата на ова улица, центарот на Берово како што додаваат, ќе добие нов лик, а ќе се зголеми безбедноста и на возачите и на пешаците.
Од Буџетот на општина Берово, за 2020 година, за реконструкцијата на оваа улица, ќе биде исплатена сума од 606 илјади денари. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово