Утрински Весник
Македонија

Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Делчево

Се обновува хоризонталната сообраќајна сигнализација во Делчево

Делчево, 5 јули 2019 (Утрински Весник) –  Со цел поголема безбедност во сообраќајот во градот, посебно на пешаците, како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, во Делчево во тек е обележување на пешачките премини на сообраќајниците.

– Најпрвин беа обележани пешачките премини на примарната улична мрежа, а потоа ќе се пристапи кон обележување на пешачките премини на секундарната улична мрежа, каде има поголема фреквенција на пешаци. Во таа насока денес и утре, во 19:00 часот ќе се врши обележување на хоризонатална и вертикална сигнализација на дел од улица „Маршал Тито“, вклучувајќи го и паркингот пред зградите. Обележувањето и означувањето ќе се одвива од крстосница со улица „Солунска“ до крстосница со улица „Кеј на Брегалница“.  За таа упатуваме апел до граѓаните да ги дислоцираат возилата во термините предвидени за обележување, а своите патувања да ги планираат преку алтернативни сообраќајници, информираат од општината.
Активноста за облежеување на хоризонталната сигнализација, како што додаваат спаѓа во делот на редовно одржување на улиците, при што заради обезбедување услови за безбедно користење и употреба на улиците, се преземаат вакви мерки во текот на годината.
Обележувањето го вршат екипи на ЈПКД „Брегалница“, а средствата за реализација ги обезбедува Општина Делчево. вс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“