Утрински Весник
Македонија

Се обележуваат такси постојките низ градот

Се обележуваат такси постојките низ градот

По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве ги обележуваа такси постојките на градските улици и булевари.

Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот поставуваа заштитни столпчиња на улицата Димитрие Чуповски, а на булеварот Србија извршија асфалтирање на дел од површината на пешачката и велосипедската патека, велат од Град Скопје.

На повеќе улици и булевари низ градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа санација на бекатон плочите на тротоарите и ја обновуваа вертикалната сигнализација.

Можете да прочитате

Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, две лица лишени од слобода, следува кривична пријава

ВЛЕН: АХМЕТИ СИ НАПИША ПИСМО САМ НА СЕБЕ! 

Армијата ќе добие ново вооружување