Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сеферовиќ ја урна Португалија, Словенците се вратија од загубена позиција против Србија

Img 7972

Фудбалската репрезентација на Швајцарија успеа да слави важен триумф (1:0) над Португалија и ја прекина серијата лоши резултати во Лигата на нации. Напаѓачот на Бенфика, Харис Сеферовиќ уште во првата минута ја затресе мрежата на противникот, а Португалците без Кристијано Роналдо не најдоа сили да возвратат.



Шпанија ја совлада Чешка со 2:0 и се наоѓа на првото место во групата со осум бода. Карлос Солер во 24.минута донесе предност за „фуријата“, а Пабло Сарабија го потврди триумфот.

Словенија губеше со 0:2 против Србија, но во второто полувреме успеа да возврати и стигна до реми. Андрија Живковиќ и Александар Митровиќ обезбедија два гола предност за селекцијата на Драган Стојковиќ Пикси, но Словенците израмнија со головите на Адам Гнезда и на Бењамин Шешко во второто полувреме.

Грција го победи Косово со 2:0 во Лигата Ц, а Малта беше поуспешна од Сан Марино со 1:0 во Лигата Д.

> Сеферовиќ ја урна Португалија, Словенците се вратија од загубена позиција против Србија <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН