Утрински Весник
Македонија

Седница на собраниската Комисија за надворешната политика

Седница на собраниската Комисија за надворешната политика
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Собраниската Комисијата за надворешната политика денеска ќе одржи седница, на која ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на нашата држава во Косово, Албанија, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург.

Пред членовите на Комисијата платформата за дипломатски активности ќе ја претстави амбасадорот Теута Агаи Демјаха при Мисијата на Обединетите Нации во Женева, амбасадорот Шпреса Јусуфи при дипломатско-конзуларното претставништво во Приштина, Косово, амбасадорот Шабан Јашари при дипломатско-конзуларното претставништво во Доха, Држава Катар, амбасадорот  Светлана Гелева при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург, амбасадорот Данчо Марковски при дипломатско-конзуларното претставништво во Тирана, Албанија и амбасадорот Фатон Бејта при дипломатско-конзуларното претставништво во Копенхаген, Кралството Данска. дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За новогодишната ноќ врнежи од снег особено во западните предели

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски