Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Нема да дозволиме хаос, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спаси криминалците, сите ќе одговараат

СДСМ: Нема да дозволиме хаос, ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спаси криминалците, сите ќе одговараат

Од партијата на власт оценуваат дека секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии а вчера, како што појаснуваат, дури се обиделе да испровоцираат и физичка пресметка на седницата на Комисијата за европски прашања.

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем. Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети“, се истакнува во реакцијата од СДСМ.

Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, додаваат од таму, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.

Не е првпат, потенцираат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да се однесува агресивно и деструктивно кога се работи за закони за правдата, така се однесуваше и при носењето на Законот за Јавно обвинителство, го блокира и Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

„Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат хаос, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да ги спасува криминалците, секој што се огрешил пред законот ќе одговара!“, се прецизира во писмената реакција од СДСМ.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај лице кое им избега од болница

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

СДСМ: Лажговци и лицемери, ВМРО ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло