Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Мицкоски рака под рака со Апасиев дејствува против ЕУ

Христијан Мицкоски заедно, рака под рака со Димитар Апасиев дејствува против ЕУ и заедно хистерично шират невистини, обвини СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Овој двоец лажеше за измислена Тиранска платформа, за кантонизација, за кампови со мигранти, сега лажат за измислена бугаризација која не постои. За кое било прашање, формата на протест е уставно гарантирано право, но за предлогот на француското претседателство тече процес на широки консултации со сите политички и општествени чинители.

Само Мицкоски и Апасиев не сакаат да го прифатат фактот што во предлогот се вградени нашите забелешки и ставови, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусности и дека историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. Граѓаните да не подлегнуваат на лагите и хистеријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, ниту го асимилира и тоа нема да се случи ниту во иднина“ велат од владејачката партија.

Според СДСМ, оваа анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција на Левица и ВМРО-ДПМНЕ не и мисли добро на државата туку напротив, сака да ја закочи, да ја блокира, да и наштети.

„ Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, но тие секогаш биле препознавани и поразувани, така ќе биде и сега“ се додава во соопштението.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните 4 дена не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај лице кое им избега од болница

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

СДСМ: Лажговци и лицемери, ВМРО ДПМНЕ на луксузните хотели и плажи во Монте Карло