Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Арсовска не презема ништо за надминување на енергетската криза

СДСМ: Арсовска не презема ништо за надминување на енергетската криза

Според СДСМ, градоначалничката Данела Арсовска секојдневно покажува неспособност да ги решава проблемите на скопјани и основно непознавање на нејзините ингеренции.

Наместо конкретни мерки за помош на скопјани во време на енергетска криза и криза со топлинска енергија во Град Скопје, велат од владејачката партија, Арсовска не презема ништо, дури нема предвидено ниту денар во буџетот за помош на граѓаните.

„Но, затоа Арсовска постојано се иззема и бара оправдувања за нејзината неспособност и незнаење и при тоа го игнорира фактот дека Град Скопје има ингеренции врз топлинската енергија. Арсовска, односно Град Скопје има обврска пред скопјани, но и законски обврски и надлежности во делот на енергетиката. Поточно, член 151 став 1 од Законот за енергетија вели дека ‘заради сигурно, безбедно, непрекинато и квалитетно снабдување со топлинска енергија на потрошувачите на своите подрачја, единиците на локална самоуправа овозможуваат услови за извршување на следниве дејности: Производство на топлинска енергија, дистрибуција на топлинска енергија и снабдување со топлинска енергија’. Срамно е што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги заборавија скопјани во време на криза“, стои во писмената реакција.

Ова, според СДСМ, е крајно неодговорен, нечесен и потценувачки однос на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Град Скопје и неговите граѓани.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: И покрај пречките од централната власт, нема да дозволиме затворање на училиштата

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се против ЕУ и сите стратешки одлуки на земјата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи