Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Арсовска лаже дека чистела, планини отпад има во сите скопски општини

СДСМ: Арсовска лаже дека чистела, планини отпад има во сите скопски општини

радоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат, посочуваат од СДСМ.

Според нив, насекаде низ Скопје, во сите општини постојано се појавуваат нови депонии, а, како што велат, постоечките стојат неисчистени.

„Како што се гледа на фотографиите во прилог, добредојде на граѓаните во општина Гази Баба им посакуваат планини отпад, а слични глетки има во сите скопски општини“, стои во партиската реакција.

Според СДСМ, Арсовска во првите 100 дена на скопјани им донела стотици разочарувања.

„Од почетокот на мандатот може да се пофали само со поставување мобилни тоалети, нивелација на шахти, партизација на градските институции, прекин и застој на започнатите проекти, сериозно кратење на градскиот буџетот за животна средина“, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова

Пешевска: Со измените на Кривичниот законик се решава вековната борба за ставање под контрола на семејното насилство

Филипче: Натпартиски консензус е единствено решение, да разговараме и да ги детерминираме црвените линии