Утрински Весник
Бизнис

Сашо Дукоски е нов претседател на Трговската комора

Сашо Дукоски е новиот претседател на Трговска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше едногласно избран на седница на Собранието.

dobivaj vesti na viber

Фокусот на активностите на Дукоски во наредниот период ќе биде ставен на креирање на подобри услови за деловна активности во секторот трговија и зајакнување на капацитетите на Трговската комора.

„Зголемување на активното членството во Комората, која е најбројна организација во државата, преку истакнување на придобивките од коморското работење ќе биде еден од главните приоритети во наредниот период. Наш важен партнер за соработка се организациите на потрошувачи, поради што ќе ја продлабочиме и прошириме соработката во овој сегмент. Посебен фокус ќе се стави и на борбата со црната економија, односно на поттикнување на надлежните органи за детектирање и сузбивање на нерегистрирани и нелегални бизнис активности спротивни на законските прописите. Исто така важно и неопходно е и да се постигне регулаторно ослободување на бизнисот и да се интензивира соработката со донесувачите на законските решенија“ – истакна новиот претседател на Трговската комора.

Во своето обраќање пред членовите на Собранието, Дукоски се осврна и околу обезбедувањето на дополнителни поволности за членовите на Сојузот, преку поддршка во обезбедување на поволности за адвокатски, банкарски, услуги за стандардизација и медиуми и медиумски простор.

Дукоски по професија е магистер по технички и по економски науки, со долгогодишно и богато работно искуство во банкарскиот, јавниот и приватниот сектор. Косопственик е на реномираните продавници за италијански златен накит и дијаманти СИГМА.

Можете да прочитате

Нагло падна притисокот во „Северен тек 2“: откриено опасно истекување

Битиќи на Бизнис форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности кои како регион треба да ги искористиме

БЕГ тврдат дека немаат обврска да ги грејат скопјани, Влада смирува дека парно ќе има