Утрински Весник
Македонија

Санкционирани 160 прекршоци на мотоциклисти

Полицијата во „лов“ на моторџиите кои учествуваат во диви трки по скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со организационите единици за контрола и регулирање на сообраќајот на територијата вчера, во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведе републичка акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Во текот на контролата се констатирани 160 прекршоци кај оваа категорија учесници во сообраќајот, односно 31 учесник управувале мотоцикл пред да се стекнат со право за управување (без возачка дозвола), седум учесници управувале со измината важност на регистрација на мотоциклот, пет учесници управувале со нерегистрирани мотоцикли, 94 учесници не користеле заштитен шлем (кацига), а констатирани се и 23 други прекршоци направени од страна на оваа категорија учесници во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Клековски најави вработување на 300 специјализанти – Предност за болниците во внатрешноста

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија