Утрински Весник
Магазин

Саманта Ронсон изрази поддршка за Елен Деџенерис

Саманта Ронсон изрази поддршка за Елен Деџенерис

Саманта Ронсон, британски музички уметник и диџеј, се појави на Твитер со љубезни зборови за водителката на ток-шоу Елен Деџенерис, чие шоу е среде внатрешна истрага од матичната компанија „Ворнер медија“, поради тврдењата за токсична култура зад камерите, недолично однесување, расизам и сексуално вознемирување на работно место.

„Непопуларно мислење: Со години работев на @TheEllenShow како диџеј, за нејзините забави, и таа секогаш беше љубезна и драга кон мене,“ напиша Ронсон на Твитер во понеделникот.

Британката на своите следачи на социјалните мрежи им објасни дека начинот на кој Елен се однесувала кон неа како познато лице не го одразува генерално начинот на кој таа се однесувала кон тие од понизок профил.

Друг корисник на Твитер ѝ коментираше: „Ти си била селебрити-гостинка. Таа наводно се однесувала лошо со луѓето што работат за неа“.

Ронсон одговори: „Јас не бев славна гостинка. Јас бев вработена. Има гоема разлика. Верувај ми.“

Твитот на Ронсон уследи откако сопругата на Елен, австралиската актерка Порша де Роси објави графичка страница на Инстаграм, насловена : „Јас стојам покрај Елен“, и напиша „За сите наши фанови…Се гледаме наскоро… ви благодарам за поддршката“. Оваа иницијатива на Де Роси се чини како обид да придобие поддршка од јавноста за водителката на ток-шоуто.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Затемнувањето на Сонцето во Вага ја менува судбината на овие хороскопски знаци

Пиперки во павлака: Зимница за која сите ќе ви бараат рецепт

Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?