Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рускиот амбасадор во ОН: Мора да го отсечеме нацистичкиот тумор што ја јаде Украина

Рускиот амбасадор во ОН: Мора да го отсечеме нацистичкиот тумор што ја јаде Украина
300x250 opst2

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, денеска на седница на Советот за безбедност ги повтори тврдењата на Русија за нацисти во Украина.

„Велат дека не може да има нацисти во Украина. За жал, тие се на власт таму“, рече Небензја.

Дипломатскиот дописник на Би-би-си, Пол Адамс, вели дека наративот на Кремљ дека цела Украина е под нацистичка контрола се повторува во секоја изјава на руските официјални лица.

Се разбира, Украина има свои екстремно десничарски елементи, јавува дописникот. Некои од нив ги идолизираат украинските политичари кои се бореле заедно со нацистите против Русија во Втората светска војна. Но, екстремната десница е маргинална во Украина, исто како и насекаде во Европа, посочува Адамс.

„Искрена дипломатска проценка за настаните во Украина од 2014 година ќе открие земја која се бори да стане подемократска и помалку корумпирана. Пред сè, земја која се обидува да тргне по патот на својата независност, далеку од несаканото внимание на Москва“, вели дописникот на Би-би-си, додавајќи дека последните забелешки на рускиот амбасадор во ОН биле ужасни.

„Не дојдовме во Украина за да освојуваме територии. Мораме да го отстраниме малигниот нацистички тумор кој ја јаде Украина и кој на крајот ќе почне да ја јаде и Русија. И ќе ја постигнеме таа цел“, рекол рускиот амбасадор.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот