Утрински Весник
Свет

Руската вакцина ефикасна 96,2 проценти по две примени дози

Руската вакцина ефикасна 96,2 проценти по две примени дози

Прелиминарните податоци добиени oд руските клинички испитувања на вакцината против коронавирус „Спутник 5“ покажуваат дека таа е ефикасна 69,3 проценти по првата вакцинација и 96,2 проценти по втората.

Ова го изјави Рамил Хабријев, член на Руската академија на науките и научен директор на Националниот научноистражувачки институт за јавно здравје „Семашко“, кој ги анализира резултатите од клиничките испитувања на вакцините. Тој исто така ја потврди ефикасноста и безбедноста на оваа вакцина, пренесува ТАСС.

Претходно, Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) објави дека вакцината против коронавирусот е ефикасна 95 проценти, според агенцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во 2026 повторно ќе се плаќа такса за посета на Венеција

Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ дозволат на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напади

Марта Кос ги оцени инцидентите на локалните избори во Србија