Утрински Весник
Свет

Русија ќе распореди мобилна болница во Бејрут

Русија ќе распореди мобилна болница во Бејрут

Москва објави дека ќе му помогне на Бејрут да закрепне по големата експлозија во која загинаа стотина и се повредени илјадници лица, уништувајќи притоа повеќе згради пренесува „Спутник“.

„Авионите на руското Министерство за вонредни состојби ќе достават мобилна болница, медицински лица и трупи за итна помош како и експерти на “Роспотребнадзор“ со лабораторија за дијагностицирање на Ковид-19. Сите експерти ќе имаат специјална заштитна облека и заштитни средства, имајќи ја предвид ситуацијата“, се вели во официјалното соопштение, додавајќи дека кон Либан ќе се упатат пет авиони.

Точната причина за пожарот и експлозијата останува нејасна, но според првичните извештаи, можно е да експлодирале 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето, што резултираше со катастрофа.

Освен Русија, повеќе држави ја понудија својата помош за Либан, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Грција, Кипар и Израел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 23 луѓе загинаа при воздушен напад врз пазар во Хартум

Нетанјаху бара од Гутереш веднаш да ги префрли војниците на УНИФИЛ на безбедно

Повеќе од сто земји-членки на ОН потпишаа писмо за поддршка на Гутереш