Утрински Весник
Свет

Русија: Ќе повлечеме дел од војската на границата со Украина

Русија: Ќе повлечеме дел од војската на границата со Украина

Руското Министерство за одбрана соопшти дека некои војници позиционирани на границата со Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите.

Сепак, големите вежби низ земјата продолжуваат.

Јужните и западните воени единици на Русија почнаа да ги враќаат своите војници на постојаните позиции по вежбите, изјави во вторникот портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Портпаролот, исто така, рече дека ја продолжува серијата вежби во кои се вклучени речиси сите окрузи и морнарици.

Да потсетиме, целиот свет се плаши од конфликтот во Источна Европа, а западните власти со денови зборуваат дека руската инвазија на Украина е многу веројатна и може да се случи наскоро.

Во последните денови, Западот и Киев постојано повторуваат предупредувања за потенцијална руска инвазија на Украина, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано ги опиша таквите тврдења како „празни и неосновани“.

Можете да прочитате

Се шири нов опасен Тикток-предизвик со злоупотреба на парацетамол, Бугарија веќе издаде предупредување

Украина заробила повеќе од 900 руски војници за време на операцијата во Курск

Западни весници со коментари по објавата на Трамп за Газа