Утрински Весник
Свет

Русија: Операцијата во Украина ќе биде завршена кога ќе се отстрани заканата од НАТО

Русија: Операцијата во Украина ќе биде завршена кога ќе се отстрани заканата од НАТО

Специјалната воена операција на Русија во Украина ќе заврши кога ќе бидат отстранети заканите дека НАТО ќе ја освои таа земја, изјави денеска за агенцијата ТАСС високиот руски дипломат Алексеј Полчук.

„Специјалната воена операција ќе заврши кога нејзините задачи ќе бидат завршени. Тоа вклучува заштита на цивилното население во Донбас, демилитаризација и денацификација на Украина, како и елиминација на заканите за Русија кои доаѓаат од украинска територија поради нејзиното освојување од НАТО“, изјави Полишчук, директор на Комонвелтот на независни држави.

Рускиот дипломат додаде дека воената операција во Украина се одвива во согласност со плановите.

„Сите цели ќе бидат остварени“, рече тој.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот