Утрински Весник
Спорт

Рурското дерби е за „милионерите“, Шалке 21 меч не знае за победа

Рурското дерби е за „милионерите“, Шалке 21 меч не знае за победа

Дербито на Рур, меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 во минатото беше пресметка со многу жар, амбиции за титула и неизвесност до самиот крај, а сега се претвори во борба меѓу фаворит и „фенерџија“.

„Милионерите“ од Дортмунд со 3-0 славеа против екипата од Гелзенкирхен.

Иако Борусија 55 минути беше на 0-0 со гостите, тогаш Акањи погоди за домашно водство.

Гостинот „се отвори“, па до крајот Халанд во 61 и Хумелс во 78 минута ја завршија работата.

Фудбалерите предводени од тренерот Фавр по 5 кола собраа 12 бода и се на третата позиција, веднаш зад Баерн Минхен кој исто така има 12 и лидерот на табелата, РБ Лајпциг со бод повеќе.

Шалке е во страша криза, 21 меч не знаат за победа, а моментно се претпоследни со само 1 бод од можни 15.

> Рурското дерби е за „милионерите“, Шалке 21 меч не знае за победа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026