Утрински Весник
Бизнис

РКЕ: Цената на електрична енергија во просек ќе се зголеми за 7,4 %

РКЕ: Цената на електрична енергија во просек ќе се зголеми за 7,4 %

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.

„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Новите цени за универзалниот снабдувач „ЕВН ХОМЕ“ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Сметки зима

59.9% ќе имаат покачување од 6.6%

35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8%

3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2%

1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%

Сметки лето

77.2% ќе имаат 6.7% покачување

21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8%

0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3%

0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)

Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

Блок тарифи ( kW/h)

Прв блок 0-210, 5,5%; Втор блок 210-630, 10,3%; Трет блок 630-1050, 18,3%; Четврт блок 1050 > 138, 7%

Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифати сите нивни барања и одобри многу помали проценти, информираат надлежните.

Трошоците за набавка на електрична енергија на „ЕВН ХОМЕ“ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што „ЕВН ХОМЕ“ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, „ЕВН ХОМЕ“ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на „ЕВН ХОМЕ“ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.

Можете да прочитате

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

(Интервју) Ванчо Узунов: Даночниот систем е во хаос, сиромашните плаќаат, богатите се богатат

Сашо Дукоски е нов претседател на Трговската комора