Утрински Весник
Свет

Риши Сунак е на врвот по вториот круг од гласањето за наследник на Џонсон

Dik 300x250 mk

Поранешниот министер за финансии во Велика Британија – Риши Сунак освои најмногу гласови во вториот круг од гласањето за наследник на Борис Џонсон на местото лидер на Конзервативната партија и премиер, додека еден кандидат е елиминиран.

dobivaj vesti na viber

Сунак освои 101 глас, а зад него беа министерката за трговија Пени Моргант со 83 и министерката за надворешни работи Лиз Трас со 64 гласа.

Тој им се заблагодари на приврзаниците со зборовите дека е подготвен да биде нов премиер и да и служи на нацијата.

„Заедно можеме да ја вратиме довербата, да ја обновиме економијата и повторно да ја обединиме земјата“ напиша Сунак на Твитер.

Поранешната министерка за еднаквост Кеми Банедоч освои 49 гласа, додека претседателот на Одборот за надворешни работи, Том Тугендат доби 32 гласа.

Од трката е елиминирана државната обвинителка Суела Браверман која не стигна до цензусот од 30 гласови – доби 27.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин