Утрински Весник
Спорт

Ридигер објавил под кои услови би останал во Челси

Ридигер објавил под кои услови би останал во Челси

Антонио Ридигер ги открил условите под кои би потпишал нов договор со Челси. „Марка“, пишува дека сега на потег се газдата на клубот Роман Абрамович и директорката Марина Гранковскаја.

Ридигер решил до максимум да го наплати новиот договор, независно дали тоа ќе биде Челси или некој друг клуб.

Репрезентативецот на Германија ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната. Досегашните преговори со Челси не завршија успешно.

Ридигер конечно ги открил картите. Од Челси побарал 46.000.000 фунти (11.500.000 фунти) за четири годишен договор.

Доколку Челси го одбијат барањето, Ридигер заминува. Заинтересирани за него се Реал Мадрид и Баррн Минхен.

> Ридигер објавил под кои услови би останал во Челси <

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл