Утрински Весник
Македонија

Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

Можете да прочитате

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија