Утрински Весник
Свет

Рекорден број на новозаразени во Украина

Рекорден број на новозаразени во Украина

Во Украина во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.271 нов случај на коронавирус, објави Државниот совет за безбедност.

Бројот на новозаразени лица нагло се зголеми во последните два месеци по постепеното укинување на ограничувањата на крајот на мај, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на пандемијата се заразени 75.490 луѓе, починале 1.788 луѓе, а закрепнале 41.527 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец провалил во кафуле во Германија, касата не ја допрел, туку крадел торта и сладолед

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

По дводневен целосен прекин, Куба повторно има струја