Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на атмосферска канализација на „Христијан Карпош“ во Куманово

Реконструкција на атмосферска канализација на „Христијан Карпош“ во Куманово

Куманово, 29 јуни 2020 (МИА) – Почна изградбата на атмосферска канализација на потег од улицата „11 Октомври“ кон улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, соопштија надлежните од општината и ги информираа граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива назименично по претходен утврден сообраќаен режин.

Од одделението за комунални дејности од општината, информираа дека согласно, условите ќе се работи интензивно наредните неколку дена.

– За реконструкција на атмосферската канализација распишан е тендер, изберена е фирма „Билдинг“ од Скопје, одвоени се 1,1 милиони денари-изјави помошникот раководител во одделението, Момчило Јовановски.

Тој потсетува дека на оваа локација има атмосферска канализација, но со годините била затната.

Во близина на оваа локација се поставуваат и бекатон плочки на два крака кај „Христијан Карпош“ кон булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“. ам/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите