Утрински Весник
Свет

Резников: Британското оружје пристигна во Украина

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека во Украина пристигнала нова пратка оружје од Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

„Повеќе повеќекратни ракетни фрлачи М270 пристигнаа во Украина“, рече тој.

Резников се огласи на Твитер за да се заблагодари на британскиот секретар за одбрана Бен Валас и британските граѓани за донацијата што беше ветена претходно, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Првиот лет на електрично летачко такси е завршен – Наскоро ќе лета над Дубаи

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак