Утрински Весник
Спорт

„Резил. Вакво нешто не сум доживеал во Баерн“

„Резил. Вакво нешто не сум доживеал во Баерн“

Баерн Минхен, синоќа, го запишаа еден од најтешките порази во клупската историја. Борусија Менхенгладбах, во второто коло во Купот на Германија, ги порази Баварците со 5:0.

Поразот е катастрофален, од причина што Баерн, во Менхенгладбах, настапи со најсилниот тим.

„Не растурија во првото полувреме. Вакво нешто не сум доживеал како играч на Баерн. Им се извинуваме на навивачите за овој срам што им го нанесовме. Се обидовме да направиме нешто во второто полувреме, но не ни успеа. По натпреварот само седевме во соблекувалната.

Баерн и на овој натпревар го предводеше Дино Топмелер. Шефот на стручниот штаб, Јулијан Нагелсман е во изолација поради коронавирусот.

> „Резил. Вакво нешто не сум доживеал во Баерн“ <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026