Утрински Весник
Економија

Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба

Редарска служба во трговските центри, ознаки за движење и дезинфекцијаи 200 дена по престанок на вонредната состојба

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, се дел од мерките предвидени во измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба, која денеска ја усвои Владата.

Согласно Уредбата треба да се постават соодветни ознаки со кои ќе се обележи правецот на движење, како и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Пазарувањето треба да биде најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни. На површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Трговецот треба да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време. ир/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

Нова граѓанска обврзница со камата од 4,6 проценти, минималниот влог е 10.000 денари

Европската Унија гледа стратешки потенцијал во минералните ресурси на земјите кандидатки, но повикува на развој на целосни синџири на вредност