Утрински Весник
Македонија

Расчистени осум кражби на добиток и маркети во Гостивар, осомничени пет лица меѓу кои и дете

Полицијата расчисти осум кражби и тешки кражби и до гостиварското Обвинителство поднесе кривични пријави против : Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино. ж

„Првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар“, информираа од полицијата.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите