Утрински Весник
Магазин

Расел Кроу се придружува на спајдерверзумот на „Сони“

Расел Кроу се придружува на спајдерверзумот на „Сони“

Оскаровецот Расел Кроу треба да глуми во претстојниот филм на „Сони“ со наслов „Ловецот Крејвен“.

Улогата на Кроу допрва треба да биде откриена, но тој ќе се појави заедно со Арон Тејлор-Џонсон, кој го портретира насловниот негативец на „Марвел“.

Според „Холивуд репортер“, Кроу веројатно ќе биде еден од членовите на семејството на Крејвен, иако допрва ќе следи потврда.

Крејвен-ловецот е еден од најпознатите непријатели на Спајдермен или човекот-пајак. Своето деби во стриповите го имаше во The Amazing Spider-Man број 15. Рускиот ловец имаше долг работен стаж во стриповите и успеа да го победи Спајдермен, да го закопа жив и да го преземе неговиот идентитет во приказната „Последниот лов на Крејвен“ од 1980-тите.

Филмот во режија на Џ. Чендор планирано е да излезе во кината на 13 јануари следната година.

Можете да прочитате

Тешко будење, пад на концентрацијата и попладневен замор – што ни носи есента?

Парите конечно доаѓаат: Четири хороскопски знаци ги чека финансиски пресврт по 26 септември

Дневен хороскоп за 23 Септември 2026 година