Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Раперот Снуп Дог во голема неволја, поранешна вработена го обвини за сексуален напад

Раперот Снуп Дог во голема неволја, поранешна вработена го обвини за сексуален напад
300x250 opst2

Жена која вели дека работела како танчерка на сцената за Снуп Дог и неговиот соработник Дон Меџик Хуан, сега ги тужи двајцата со наводи дека сексуално ја злоупотребиле пред речиси десет години.

Жената, чиј идентитет не е откриен, во средата поднесе тужба до федералниот суд во Лос Анџелес, со тврдење дека наводните напади на раперот и неговиот пријател се случиле кратко време по настапот на Снуп Дог во Анахејм, Калифорнија, во мај 2013 година, пренесува „Ролинг стоун“.

Во судскиот документ, таа наведува дека била нападната од Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел, откако прифатила да ја однесе дома, но завршила во неговата куќа против своја волја. Таа тврди дека Кембел ја нападнал во резиденцијата и ја присилил на орален секс.

Подоцна, ѝ рекол да го придружува до студиото за снимање каде што Снуп Дог ја снимал својата ТВ-серија. Наводно, ѝ се слошило и отишла во бањата во студиото кога Снуп неочекувано влегол, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја принудил орално да го задоволи.

Извор близок до Снуп изјавил за „ТМЗ“ дека жената намерно поднела тужба пред „Супербоул“ овој викенд, бидејќи раперот треба да настапи на полувремето.

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)