Утрински Весник
Спорт

Раздор во Јувентус поради Кристијано Роналдо

Раздор во Јувентус поради Кристијано Роналдо

Јувентус, со реми против Удинезе и пораз од Емполи на домашен терен, влегоа во новата сезона. Во периодот помеѓу двата натпревари клубот го напушти Кристијано Роналдо, што според италијанските медиуми дополнително ја нарушила атмосферата во клубот.

Тренерот Масимилијано Алегри им се налутил на претседателот Андреа Ањели и Федерико Черубини, што дозволиле Роналдо да замине од клубот. Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри добил уверување од Ањели дека Португалецот ќе остане во клубот.

По заминувањето на Роналдо, Јувентус во клубот го вратија Моисе Кен. Алегри и не само тој знаат дека младиот италијански напаѓач не може да го надомести учинокот што го имаше Португалецот.

> Раздор во Јувентус поради Кристијано Роналдо <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026