Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Радев: Северна Македонија треба да го промени Уставот и да не ги дискриминира македонските Бугари

Радев: Северна Македонија треба да го промени Уставот и да не ги дискриминира македонските Бугари
Img 7972

Република Северна Македонија треба да го промени својот устав. Ова го изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, за „Еурактив“. Според него, ова ќе биде чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.

„Се верува дека сме во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но не сме. Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен услов за членство во ЕУ“, рече претседателот.

Нашата најголема грижа, рече Радев, е што Република Северна Македонија не ги применува основните принципи и вредности на ЕУ, како што се човековите права, недискриминацијата.

„Пред четири години верувавме дека договорот ќе ги реши проблемите во билатералните односи, на ист начин како што тоа го правеше и Договорот од Преспа (меѓу Македонија и Грција), но денес гледаме заостаток по сите точки во него. Говорот на омраза против Бугарија се интензивира, не гледаме политичка волја за отстранување на навредливи текстови во учебниците, не гледаме политичка волја да се запре фалсификувањето и уништувањето на бугарското културно и историско наследство во овој дел од светот“, рече Румен Радев.

Според него, дискриминаторскиот третман на македонските Бугари трае со децении.

„Денес над 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство. Тие не се само бугарски државјани, туку и државјани на ЕУ, а тоа значи многу кога зборуваме за човекови права“, нагласи Радев.

Бугарскиот претседател додаде и дека македонските Бугари мора да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во уставот. Тоа е прашање на принципи, вели бугарскиот претседател, а не на преговори.

На Северна Македонија и’ требаа 6 месеци да го спроведе Договорот од Преспа, дури и го сменија името. Зошто е толку тешко да се додаде еден единствен збор – „Бугари“, праша шефот на државата.

Можете да прочитате

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна