Утрински Весник
Свет

Путин му се извини на Израел за изјавата на Лавров за Хитлер и Евреите

Рускиот претседател Владимир Путин му се извинил на израелскиот премиер за неодамнешната скандалозна изјава на неговиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер имал еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следуваше гневна реакција од Израел. Израелскиот министер за надворешени работи изјавата на Лавров ја нарече непростлива и скандалозна, а на разговор беше повикан и рускиот амбасадор во Израел. Израел исто така побара и извинување од Русија.

Според израелскиот новинар, Барак Равид, кој се повикува на соопштение од кабинетот на израелскиот премиер, Владимир Путин денеска му се извинил на израелскиот премиер Нафтали Бенет за изјавите на Сергеј Лавров.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking