Утрински Весник
Свет

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

Dik 300x250 mk

Три лица се ранети во пукотница што се случила во забавен парк во северниот дел на американскиот град Чикаго, пренесува АП.

dobivaj vesti na viber

Луѓето беа повредени на паркингот на забавниот парк Six Flags Great America во неделата вечерта кога се пукаше од автомобил, изјави портпаролот на тематскиот парк.

Автомобилот од кој се пукало брзо побегнал.

Двајца од ранетите се пренесени во болница, додека третиот одбил хоспитализација.

Американката Лори Вокер и нејзината ќерка Грејс биле во паркот кога почнало пукањето.

Вокер за „VGN News“ изјавила дека двете чекале ред за билети околу 19:50 часот, кога забележала дека луѓето панично бегаат.

„Слушнав како некој вика: ‘Луѓе, легнете, легнете, некој пука’. Не знаевме што се случува, па легнавме на земја“, раскажува Вокер.

Вокер потоа го повикала сопругот и набрзо успеала да излезе од забавниот парк.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети