Утрински Весник
Македонија

Пронајдени оружје и дрога при претрес во Скопје

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршија претрес кај Т.Ч. (38) од Скопје.

При претресот според полицијата биле пронајдени пиштол марка „берета“, пиштол марка „гризли“, 20 куршуми кал.6,35, сигнален пиштол со муниција за истиот и воздушна пушка, кои лицето ги поседувало без дозволи.

Исто така, за време на претресот биле пронајдени и една грутка и една паковка со бела прашкаста материја и вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Т.Ч. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово