Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пронајдени кокаин, хашиш и марихуана во Кавадарци, приведени осуммина дилери

Пронајдени кокаин, хашиш и марихуана во Кавадарци, приведени осуммина дилери
Img 7972

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со СВР Велес, ОВР Кавадарци и ОВР Неготино приведоа осуммина дилери и запленија хашиш, хероин, амфетамин…

На 29.10.2020 околу 13:40 часот извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Ж.С. (31) во Кавадарци. При претресот покрај Ж.С. биле затекнати А.П. (32) и Е.Д. (38) при користење амфетамин, а биле пронајдени хашиш, амфетамин, шприц со канабисово масло и една воздушна пушка.

Во 13.30 часот во Кавадарци при купопродажба на хероин затекнати и приведени се А.С. и К.Н. кој го купиле во близина на домот на П. М.. Потоа е извршен претрес во дом на П. М. и при претресот пронајден е хероин, пари, дигитална вага и мелница со остатоци од кафена прашкаста материја.

Извршен е претрес кај В.М. (28) во Кавадарци, при што се пронајдени хашиш и марихуана. Исто така, извршен е претрес во домот на Б. Ј. (37) во Кавадарци, каде е пронајден кокаин.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по документирањето на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија

Синдикатот на културата ја доби тужбата за скратените плати во култура

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање