Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и дождливо со температура до 17 степени

Променливо облачно и дождливо со температура до 17 степени

Претпладне ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а облачноста значително ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од петок и во следните денови утрата ќе бидат студени со услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за маж од кичевско – упатувал закани кон градоначалникот!

Маж од САД доби 30 дена притвор – спроведен во КПУ Затвор Охрид

ЦУК: Внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови