Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Принцот Чарлс под истрага за сомнителни донации од саудиски милијардер

Принцот Чарлс под истрага за сомнителни донации од саудиски милијардер
Img 7972

Метрополитенската полиција започна истрага за наводите дека добротворната организација на принцот Чарлс го прекршила Законот за чест и примила донации со цел да се обезбедат почести и државјанство за саудиски милијардер, пренесуваат медиумите во светот.

„Одлуката уследи по проценката на писмото од септември 2021 година и медиумските извештаи во кои се наведува дека на организацијата и биле дадени донации со цел да се обезбедат почести и државјанство за саудиски државјанин“, соопшти полицијата.

Од полицијата додаваат дека извесно е дека ќе се спроведе подетална истрага, но дека досега никој не е уапсен ниту сослушан во врска со обвинувањата.

Претходно островските медиуми пишуваа дека фондацијата на принцот Чарлс моментално е под истрага бидејќи неговиот главен помошник Мајкл Фосет (58) е обвинет дека на Махфуз Мареи Мубарак бин Махфуз му понудил титула витез, во замена за добротворни донации.

Принцот Хари, исто така, се сретнал со милијардерот во паб во Челзи во Западен Лондон, а еден саудиски добротвор претходно донирал 50.000 фунти во добротворната организација на Хари. Меѓутоа, војводата од Сасекс неодамна ги прекина сите врски со Бин Махфуз бидејќи тој беше „длабоко загрижен за своите намери“. Прочитајте повеќе во специјалните вести.

Можете да прочитате

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака