Утрински Весник
Македонија

Приведен струмичанец поради предизвикување пожар

Приведен струмичанец поради предизвикување пожар

Жител на струмичкото село Баница е приведен за предизвикување пожар. Според информациите, 29-годишнит Д. К. запалил дива депонија и предизвикал пожар.

„На 8.8.2021, околу 11.30 часот, Д. К. во близина на магистралниот пат од Струмица кон село Дабиле, запалил дива депонија со смет околу која имало нискостеблести дрвја и густа вегетација по што огнот почнал бргу да се шири предизвикувајќи пожар. Осомничениот бил приведен, а пожарот бил изгаснат“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

„Длабоко во себе“ – инклузивен проект по повод меѓународниот ден за подигање на свеста за лицата со аутизам

Лишени од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило

Савески ги повлекува овластувањата на обвинителите