Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец, при претрес кај него полицијата пронашла оружје

Приведен скопјанец, при претрес кај него полицијата пронашла оружје

30-годишен скопјанец е лишен од слобода откако при претрес кај него полицијата пронашла оружје.

Имено, денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода С.Л.(30) од с.Љуботен, Скопско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „застава М70“ калибар 7,65 мм со 12 куршуми.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Кога ДУИ зборува за ЕУ, граѓаните се потсетуваат на Груевски и Мијалков

Во Македонија има 174 пациенти кои имаат потреба од хормонот за раст – нема листа на чекање

Животот се поскап: Синдикална минимална кошница за септември 65.077 денари