Утрински Весник
Македонија

Приведено е лицето кое Мицкоски тврди дека сакало да го убие

Полицијата потврди дека е приведен мажот за кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека се обидел да го убие за време на денешниот протест.

dobivaj vesti na viber

Како што информираа од МВР, станува збор за Е.Ј.(40) од Скопје.

„Е.Ј.(40) претходно испукал со пиштол во воздух, додека група демонстранти, кои се движеле на потегот од Владата на Република Северна Македонија кон Министерството за надворешни работи, го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање со камења кон група граѓани“, велат од МВР.

На местото се пронајдени чаури.

 

Можете да прочитате

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка

АВМУ: Со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка основа

Свечено отворен реконструираниот Дом на културата „11 Октомври” во Ченто