Утрински Весник
Македонија

Приведени разбојници кои ограбиле обложувалници во Гази Баба

Приведени разбојници кои ограбиле обложувалници во Гази Баба
Dik 300x250 mk

Полициски службеници од Гази Баба вчера ги лишиле од слобода Б.Т. (54) и Р.Ш. (30), двајцата од Скопје, поради сомнение дека во текот месецов на подрачјето на општината Гази Баба извршиле две кривични дела разбојништво во спортски обложувалници.

При извршен полициски претрес, во домот кај Р.Ш. бил пронајден и одземен предмет со кој биле извршени кривичните дела.

Покрај тоа, Б.Т. се барал по централна потерница од прилепскиот затвор за издржување на затворска казна.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Зајкова бара итни законски измени: Животот на пациентите не смее да зависи од бирократија

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците