Утрински Весник
Свет

Претседателот на Јужна Кореја ќе биде вториот азиски лидер во посета кај Бајден

Претседателот на Јужна Кореја ќе биде вториот азиски лидер во посета кај Бајден

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, ќе стане вториот светски лидер и воедно втор Азиец кого претседателот Џо Бајден ќе го пречека во Белата куќа, што е знак на поддршка на Вашингтон во неговите напори да се спротивстави на кинеското влијание.

Покрај долгогодишното нуклеарно прашање на Северна Кореја, сојузниците ќе разговараат за регионалната безбедност, соработката во високотехнолошките индустрии, напорите за борба против пандемијата на коронавирусот и начините за зајакнување на акциите за климатските промени.

Мун, под притисок на панемијата на коронавирус, се надева дека ќе обезбеди договор со Вашингтон за набавка на вакцини против Ковид-19, додека администрацијата на Бајден ќе побара засилени климатски обврски од Сеул.

Вашингтон исто така би сакал да добие директна изјава од јужнокорејскиот претседател за се понаметливото однесување на Кина во регионот.

Првиот странски лидер што го посети Вашингтон беше јапонскиот премиер Јошихиде Суга, кога Бајден исто така се обиде да претстави единствен фронт кон Пекинг.

Но, Сеул е претпазлив од страв да не ја налути Кина, која е најголем трговски партнер на Јужна Кореја.

Можете да прочитате

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со немилосрдните напади врз Хезболах, вклучително и во Бејрут

Зеленски: Северна Кореја се приклучува на војната