Утрински Весник
Свет

Претседателот на Кина: Западот ги користи санкциите како оружје!

Претседателот на Кина: Западот ги користи санкциите како оружје!

Кинескиот претседател Си Џинпинг остро ги осуди санкциите на Западот наведувајќи дека тие се користат како оружје во глобалната економија. Повика на единство при сооувањето со финансиските предизвици, јавува „CNN“.

„Трагедијата на минатото ни кажува дека хегемонијата, групната политика и конфронтацијата на блоковите не носат ниту мир, ниту сигурност, носат само војни и судири“ рече Џинпинг.

За украинската криза напомена дека е „уште еден повик за будење на сите во светот“ и потсетување дека „обидите за  ширење на воени сојузи не ја обезбедуваат сигурноста“.

Си Џинпинг за санкциите на Западот прокоментира дека се „меч со две острици“.

Можете да прочитате

(Видео) Пукање на парада во САД, има мртви

Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници