Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци

Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци
300x250 opst2

Вчера околу 04.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В.Ѓ.(43) и Н.Т.(31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби.

При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела.

Додека при претрес во домот на В.Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот каде престојува Н.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Реставрираното и конзервирано издание на „Пчињското изборно евангелие“ од 16 век вратено во библиотеката во Охрид

Филипче: Реформската агенда е единствениот начин да почне да се враќа довербата во судството

Филипче: Во недела изберете луѓе со интегритет, не послушници на Мицкоски