Утрински Весник
Македонија

Премиерот Заев прими делегација на МПЦ-ОА предводена од архиепископот г.г. Стефан

Премиерот Заев прими делегација на МПЦ-ОА предводена од архиепископот г.г. Стефан

Претседателот на Владата Зоран Заев прими делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент.

Делегацијата на МПЦ-ОА на средбата изразија честитки за изборната победа и за новиот мандат на премиерот Заев, со желби за успешна работа во услови на мир на Владата на Северна Македонија и за реализација на програмските определби за кои гласаше мнозинството на народот во земјата.

На средбата, претставниците на Синодот на МПЦ-ОА искажаа благодарност за писмото упатено од премиерот до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Премиерот Заев на средбата изрази подготвеност да го поттикне ангажирањето на институционалните капацитети за затворање на денационализацијата на имотите што припаѓаат на МПЦ-ОА, како и за конзерваторските проекти за заштита на црковното културно наследство, коишто се и приоритети на Министерството за култура.

На средбата со архиереите на МПЦ-ОА, премиерот Заев уште еднаш упати честитки по повод 1000-годинишнината од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, како еден од најважните црковни настани оваа година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија