Утрински Весник
Македонија

Пред зградата на Владата кренато знамето на ромскиот народ

Пред зградата на Владата кренато знамето на ромскиот народ

Во чест на одбележувањето на денешниот празник Меѓународниот ден на Ромите, кога се слават историјата и културата на Ромите, пред зградата на Владата е подигнато знамето на ромскиот народ.

Исто така, согласно длуката на Владата, генералниот секретар Мухамед Зеќири ја започна постапката за отстапување за трајно користење на 450 примероци од Речникот на ромски јазик и 800 примероци од Граматиката на ромски јазик на 14 општини.

Примероците на Граматиката на современиот ромски јазик и Речникот на ромски јазик како темелници на јазичната култура и наука на ромската заедница се испорачуваат на локалната власт во општините: Шуто Оризари, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Пехчево, Куманово, Тетово, Гостивар, Прилеп, Битола, Велес и Крива Паланка.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија